Ѓорческа на Вимблдон ќе игра против минатогодишната вицешампионка!
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во својата кариера, откако за првпат обезбеди пласман во главниот турнир на Вимблдон, најпрестижниот грен слем што се игра на тревните терени во Лондон.
Тетовчанката до историскиот успех стигна преку квалификациите, во кои нанижа три победи и заслужено избори место меѓу најдобрите тенисерки на турнирот.
Во првото коло ја очекува исклучително тежок предизвик, дуел со шестата носителка и шеста тенисерка на ВТА-листата и минатогодишна финалистка, Американката Аманда Анисимова. Станува збор за 24-годишна тенисерка со богато искуство на грен слем турнирите и една од фаворитките за висок пласман.
Главниот турнир на Вимблдон започнува на 29 јуни, кога Ѓорческа ќе го има своето историско деби на најпознатиот тениски турнир во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
Како одговор на Ѓоковиќ „Голема Албанија“ на…
„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци…
Калин Ивановски повторно со најдобар ранг на…
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го…
Ѓоковиќ бетониран на чело на АТП листата,…
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од…
Алкараз ќе се фокусира само на Гренд…
Со цел да не се повреди како…