Ѓорѓиевски: Големо е Гоцевото дело, Гоце е Македонија!

t

Во Македонија денес се одбележуват 119 години од смртта на Гоце Делчев. По тој повод, делегација од Општина Кисела Вода, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, положи свежо цвеќе во црквата „Свети Спас“, на гробот на еден од најголемите македонски револуционери, кој е трајно запишан во македонскиот идентитет.

-Големо е името Гоце Делчев. Големи се визиите, соништата за сплотена и слободна Македонија, борбата за идеалите. Големо е Гоцевото дело, кое и денес е наш завет пред иднината. Негувањето на споменот за овој великан кој со живот ја плати љубовта кон татковината, почитта со која го споменуваме е дел од кодот на секој вистински Македонец. И денес, 119 години по неговата смрт, се поклонуваме пред херојството, пред македонската историја која сакаат да ја искриват, обезличат и присвојат. Сега, Гоцевата е и наша борба, опстанокот наспроти сите негации на македонското постоење, македонската реалност и македонската вистина се аманетот кој тој ни го остави. Гоце е Македонија!- ­изјави градоначаликот Орце Ѓорѓиевски кој положи цвеќе и се поклони пред неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…