Ѓорѓиевски: Денес стопиравме изградба на уште еден нелегален објект – ваквото однесување и навики од минатото завршуваат
Градоначалникот на Општина Кисела Вода во текот на денешниот ден стопираше изградба на уште еден нелегален објект. Непознат сторител, без никакво одобрение си поставил армирано-бетонска плоча на улицата „Борис Трајковски“.
Како што напиша Ѓорѓиевски во својата објава на Фејсбук, овој објект уште во текот на денешниот ден е срушен и ваквото однесување и навики од минатото завршуваат.
Во продолжение објавата на Ѓорѓиевски:
Денес стопиравме изградба на уште еден нелегален објект, уште еден обид да се прекрши законот и законските процедури. Непознат сторител, без да поседува никакво одобрение за градба си поставил армирано-бетонска плоча на улицата ,,Борис Трајковски”.
Овој објект денес е срушен и ваквото однесување и навики од минатото завршуваат.
Како што најавив, нашите жители ќе видат еден нов начин на управување со општината, ќе видат што значи нетолеранција на беззаконие и казна за криминалот.
Законот постои за да се почитува и ќе важи поеднакво за сите.
Никој не е и нема да биде над него! – стои во објавата на Ѓорѓиевски.
Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Посебен режим на сообраќај поради посетата на…
Поради официјалната посета на земјава на Претседателката…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Активирана новата траса на автобусот број „35“,…
Од вчера во возниот ред на ЈСП…