Ѓорѓиевски: Започна ослободувањето на трасата за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“
Она што со години стоеше заглавено, денес конечно се придвижува. Започна ослободувањето на трасата за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“!, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.
-По истекот на рокот за иселување на семејствата чии имоти беа опфатени со завршената експропријација, создадени се услови да продолжиме со следниот, клучен чекор кон неговото отворање. Овој мост предолго беше симбол на застојот и неисполнетите ветувања од моите претходници. Скопјани го нарекуваа „мостот што води во дневна соба“ и „мостот за ловење риба“. Зад тие зборови стоеше оправданото разочарување од проект во кој беа вложени пари, а од кој граѓаните со години немаа корист. На тоа му доаѓа крајот, стои во објавата.
Ѓорѓиевски вели дека мостот конечно ќе ја добие својата вистинска смисла, да ги поврзува луѓето од Гази Баба и Аеродром, да го олеснува сообраќајот и да го скратува времето поминато во градскиот метеж.
-Кога ја презедов одговорноста да го водам Скопје, ветив дека овој проблем ќе го решиме во текот на мојот четиригодишен мандат. Денес, за помалку од една година, со гордост можам да кажам дека правиме решителен чекор кон исполнувањето на тоа ветување. Со посветена и макотрпна работа го решивме клучниот предизвик за ослободување на овој дел од трасата – експропријацијата. Паралелно продолжува и експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот за целосно завршување на оваа важна сообраќајна врска, наведува Ѓорѓиевски.
Тој им упатува искрена благодарност на семејствата со кои заеднички го овозможивме овој исчекор.
-Знам дека зад секој дом стојат години живот, спомени и длабока приврзаност. Затоа нивното разбирање, доверба и подготвеност за договор заслужуваат почит. Ви благодарам што подадовте рака и што станавте дел од решението кое носи придобивки за цело Скопје. Вашиот придонес е важен дел од ова ново поглавје за нашиот град. Ќе продолжам да ја оправдувам довербата дадена од народот со работа, со истрајност и со резултати што ќе се чувствуваат во секојдневниот живот. Продолжуваме уште посилно. За Скопје што поврзува. За Скопје што оди напред, какво што заслужуваме!, порачува градоначлникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски во својата објава на Фејсбук профилот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…