Објавено на:

Ѓорѓиевски за нелегалниот пешачки премин на Бит Пазар: Доколку граѓаните сметаат дека таму треба пешачки премин, ќе им овозможам

t

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера во емисијата Клик Плус на ТВ21 најави дека во наредните денови ќе разговара со жителите околу проблемот со дивиот пешачки премин и порача дека конечната одлука ќе биде донесена според мислењето на мнозинството граѓани.

Тој истакна дека станува збор за долгогодишен проблем кој, како што рече, не успеале да го решат ниту неговите претходници. Посочи дека ги разбира реакциите на граѓаните, особено на постарите лица, кои укажуваат дека пешачкиот премин им е неопходен за полесно движење.

„Ако мнозинството граѓани смета дека таму треба да има пешачки премин, ќе изготвиме сообраќаен проект и ќе дозволиме регуларен пешачки премин. Ако, пак, мнозинството е за затворање, тогаш ќе го затвориме“, изјави Ѓорѓиевски за ТВ21.

Тој најави дека заедно со градоначалникот на Чаир ќе излезат на терен за директно да ги слушнат ставовите на жителите.

„Ова не го правиме за нас, туку за граѓаните. Секогаш сум се водел од нивните барања и не се плашам да признаам ако е направена грешка“, додаде тој.

Ѓорѓиевски посочи дека првично бил подготвен план за затворање на преминот и поставување ограда, но конечната одлука ќе зависи од консултациите со граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…