Ѓорѓиевски: Македонија ќе оди напред, затоа што има горд и непокорен народ кој верува во својата татковина
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод Денот на независноста упати честитка преку социјалните мрежи.
„На 8 Септември, пред 35 години, македонскиот народ јасно и одлучно ја избра независноста. Со историската референдумска одлука беше крунисан вековниот стремеж за сопствена, слободна и суверена држава, што ги чува нашиот македонски јазик, идентитет, култура, историја и вековно постоење“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој вели дека и тогаш имало такви што не сакале Македонија да биде независна и дека такви ги имало и денес.
„Но сме ги победиле еднаш, сме ги победувале многупати и цврсто знам дека Македонија ќе оди напред, затоа што има горд и непокорен народ кој верува во својата татковина и никогаш не се откажува од неа! Како нација, сите премрежја сме ги надминувале тогаш кога сме биле обединети. Дури и кога патот бил трнлив и тежок, обременет со предизвици однатре и однадвор, сме имале сила да истраеме и да продолжиме напред. Наша должност е достоинствено, сплотено и со силно чувство за сопствената држава да изградиме посилна, поуспешна и просперитетна Македонија“, наведува градоначалникот во објавата на социјалните мрежи.
Воедно, тој порача дека на неродените поколенија мора да им се остави здрава, стабилна и достоинствена држава и исто така порача трулото минато да остане само бледо сеќавање, а не судбина на идните генерации.
„Да живее независна и суверена Македонија!“, честиташе Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран демантира средба меѓу Резаи и Венс…
Иран ги отфрли извештаите дека секретарот на…
Франција го обвини Иран за сајбернапад врз…
Франција ја обвини иранската Револуционерна гарда за…
Касами ги викна оџата и владиката, ќе…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…
Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…
Муцунски во работна посета на Литванија и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…