Ѓорѓиевски: Наскоро започнува асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“

t

Асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе започне во наредниот период, најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека во изминатите нешто повеќе од три месеци биле отстранети проблемите што го попречувале продолжувањето на изградбата.

Ѓорѓиевски вели дека трасата сега е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, а завршено е и тампонирањето на едната страна од булеварот. Според него, следен чекор е поставувањето на првиот слој асфалт.

„По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани“, наведува Ѓорѓиевски.

Тој порача дека со реализацијата на проектот жителите на овој дел од Скопје ќе добијат нов, модерен и побезбеден булевар.

„Ветивме и реализираме! Кога се сака – сѐ се може. Скопје го правиме заедно“, порача Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…