Ѓорѓиевски: Отвораме нов Противпожарен дом во дел од објектот АД “Цементарница Усје”

t

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и генералниот директор на АД “Цементарница Усје”, Борис Хрисафов, денес го формализираа договорот за искористување на простор од објектот на оваа компанија за отворање на нов противпожарен дом во Кисела Вода.

-Денес сме во АД “Цементарница Усје” заедно со генералниот директор на оваа компанија, за да обзнаниме отпочнување на еден голем проект кој ќе донесе голема корист на жителите на општина Кисела Вода, па и пошироко. Имено, заедно со господинот Хрисафов, постигнавме договор за пренамена на простор од овој објект, во кој отвораме нов противпожарен дом. Ова, пред се’, ќе значи можност за побрза реакција при несаканите настани, бидејќи, за жал во минатото често се случуваше и покрај силната желба да се помогне, големата оддалеченост да го стори своето, па објектот целосно да изгори, а неретко да има дури и човечки жртви, додека да пристигне екипата од Противпожарната бригада во Драчево. Нашите силни заложби, како локална самоуправа, вродија со плод, па успеавме да обезбедиме уште една локација, на која се наоѓаме денес и каде наскоро ќе профункционира нова противпожарна бригада. Истата е во близина и на Сопиште, со што освен жителите на Кисела Вода, бенефит ќе имаат жителите на уште една општина-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, заблагодарувајќи се од свое лично име и од име на жителите на Општина Кисела Вода на директорот Хрисафов и на “Цементарница Усје” за силната општествена одговорност која на овој начин ја покажуваат.

-Ја цениме вашата поддршка и сме задоволни што реализацијата на проекти кои имаат за цел подобрување на безбедноста и спасување на човечки животи и добра, е наша заедничка заложба-потенцираше Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Инцидент: Насилници од ДПМНЕ нападнаа доставувач на храна

Насилници нападнаа доставувач на храна за време…

Српските полицајци ја опколија колибата на еден…

Голем број припадници на српската полиција ја…

Нели нема корупција во ЕУ? 22 лица…

Во акција на полициите на Италија, Австрија,…

(Видео) Детали за кобната сообраќајна несреќа во…

Италијанските медиуми објавија фотографии од сообраќајната несреќа…

Харадинај: Одлуката за укинување на динарот му…

По повод денешната рунда од дијалогот во…