Ѓорѓиевски отсечно: И 20 тенреди ќе се распишат ако треба, ревизија на работата на Општината мора да има!

t

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во гостување во емимсијата Јади Бурек кај Јанко Илковски ја објасни ситуацијата со ревизијата на работата во Општина Кисела Вода во годините наназад.

Градоначалникот информираше дека првиот тендер за избор на ревизорска куќа пропаднал, во тек е втор тендер за избор на ревизија. Ѓорѓиевски кажа дека нема да се повлече, нема да го исплашат и ревизија мора да има дури и доколку треба да се распишат 20 тендери.

Еве што рече градоначалникот:

“Моја претпоставка е дека преовладува стравот и тоа збори за овој хибриден режим во кој ние живееме. Не знам дали е страв дали ќе откријат, јас повеќе мислам дека ги плаши централната власт и третманот спрема нив во иднина. Мислам дека ние како млади градоначалници покажавме дека може да се направат тектонски поместувања во 100 дена.

Еве ние во Кисела Вода, досега 30 години, беше дозволено кој што сака и како сака да прави. За првпат во 30 години рушиме дивоградби. Не знам дали се сеќавате Вие во Вашата емисија ме прашавте дали нема да ми е страв, дали е можно да се рушат дивоградби, но еве јас се сеќавам на секој збор што сум го кажал.

Ја сочувствувам со сите луѓе што биле во заблуда и граделе нелегално заради системот и тие што управувале со системот, но мора тука да се постапи и мора законот да важи за сите подеднакво. Не може некои граѓани да плаќаат данок редовно, а наспроти нив да има сериозни компании на кои им било дозволено тоа така да фукцнионира без да латат дозволи и никакви дозволи за градба немаат.

Ревизија ќе има, тоа да му биде јасно на секој, и вториот тендер да не успее 20 тендери ќе има, јас не се повлекувам од кажаното.”

Инаку претходно градоначалникот Ѓорѓиевски започна постапка за рушење на дивоградби на територијата на Кисела Вода кои биле градени без дозволи за градба и без плаќање на комуналии и дозволи од општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…