Ѓорѓиевски: Реконструкција и изградба на лифт за деца со посебни потреби во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”

t

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на воведните работи во реконструкцијата на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”. Во ова училиште ќе се врши промена на кровната конструкција, ќе се постави нова термоенергетска фасада, а со изградбата на лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети, објектот ќе стане целосно достапен за лицата со посебни потреби.

-Се работи за стар училишен објект, граден во 1962-та година. Постојниот кровен покривач е изведен од азбест, кој како штетен материјал, веќе не се употребува и е забранет. Фасадата е сочувана, но е потребна нејзина замена со енергетски ефикасна. Општина Кисела Вода го изработи проектот и аплицираше на јавниот повик на МОН, по што доби финансиски средства за овие градежни зафати. Воедно, ќе се гради и лифт за дечињата со посебни потреби кои тука следат настава. Достапноста ќе ја зголемиме со изградба на пристапни рампи во целото училиште, тоалети за лица со инвалидитет. Предвидена е и изградба на паркинг места за овие лица и дактилни патеки во дворот на објектот. Со тоа, ООУ “Кузман Јосифовски Питу” ќе стане првото целосно инклузивно училиште во Скопје. Проектите кои се поврзани со здравјето на нашите деца, посебно кога истите носат подобрување на условите и за лицата со посебни потреби, секогаш ќе имаат приоритет на мојата листа на делување како градоначалник -изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Средствата за адаптација на училиштето за лица со посебни потреби, се обезбедени преку Проектот „Подобрена достапност на образовните установи за лица со попреченост“ во рамки на програмата „ЕУ за инклузивност – ИПА, потпишан меѓу Владата и Европската Комисија, чиј носител е МОН.

Во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, настава посетуваат 637 ученици. Има две паралелки со деца со оштетен слух и говор, а во повеќето од паралелките има ученици со посебни потреби.

Настанот финишираше со делење на пакетчиња на децата со посебни потреби од страна на градоначалникот.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Казнети 267 возачи во Скопје, 128 за…

На територија на Град Скопје во текот…

Захарова откри на кого Лавров му рече…

Реченицата на министерот за надворешни работи Сергеј…

Лавров: Во Европската унија нема демократија туку…

Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина…

Лавров одговора на прашања на Инфомакс! Македонија…

Нема непртијателски држави и народи, туку непријателски…