Објавено на:

Ѓукановиќ распиша парламентарни избори во Црна Гора

t

Црногорските претседател Мило Ѓукановиќ ги распиша парламентарните избори во земјата.

– Сите се свесни за длабоката политичка и институционална криза, која ја произведе неодговорното мнозинство. Јас цврсто се држев до Уставот, за да не придонесувам за него. На 20 август и беше изгласана недоверба на владата. Оттогаш, рокот за номинирање на мандатар трае до 19 септември. Условите за тоа не се исполнети. Некои не одговорија на консултациите, ниту пак доставија потписи за поддршка на кандидатот. Убеден сум дека најдобро беше да се скрати мандатот и да се распишат избори. Наместо тоа, променливото мнозинство прибегна кон противуставно постапување и донесе измени на Законот за претседател. Го вратив на преиспитување.

И покрај предупредувањата, спорниот закон беше донесен. Со декрет прогласив закон кој стапи во сила и произведува правни ефекти. Познато е како заврши обидот за формирање влада на Лекиќ. Затоа, исполнети се условите, согласно Уставот, член 92, став 3, да донесам уредба за распуштање на Собранието. Применувајќи го членот 92, став 5, донесов одлука да распишам избори за 11 јуни“, рече Ѓукановиќ на прес-конференцијата во Вила Горица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…