Ѓуриште со најмногу дожд, Попова Шапка со највисока снежна покривка

t

Во текот на изминатите 24 часа, најголемо количество дожд, односно 3 литри на метар квадратен, е забележано во Ѓуриште. По 1 литар на метар квадратен е регистриран во Скопје-Петровец, Виница и Демир Капија.

Најголема снежна покривка, со дебелина од 10 сантиметри, има на Попова Шапка, додека во Маврови Анови се измерени 5 сантиметри, а во Ѓуриште 1 сантиметар.

Утринава, најниска температура е забележана на Попова Шапка, каде се измерени -4 степени Целзиусови. Во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево температурата изнесува -2 степени, во Тетово, Охрид и Претор 0 степени, во Битола 1 степен, во Крива Паланка и Берово 2 степени, во Виница 3 степени, во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Куманово 4 степени, во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Струмица 6 степени, а најтопло беше во Гевгелија со измерени 8 степени Целзиусови.

Според прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. “Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени Целзиусови.”

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. “Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени Целзиусови.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…

Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…

Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…

Дијалогот што во моментов се води околу…

ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…

Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…