Ѓурѓај го откри планот на Бугарија: Сакаат да ја опкружат Македонија со “бугарски малцинства”, за да кажат дека не постои македонски народ!

t

Македонското население, кое изминатите години има земено бугарски пасоши од економски причини за работа во Европската унија, се соочува со закани дека ќе им бидат одземени пасошите, доколку на овој попис не се запишат како Бугари, вели во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на македонски весник „Илинден“.

Ѓурѓај како аргументи наведува дека во изминатите 11 пописи спроведувани во Албанија, никој не се идентификувал како Бугарин, а населението во Преспа, Голо Брдо и Гора се идентификува како македонско малцинство.

„Историски факт е дека бугарско население нема во овој дел. Тоа го покажуваат и историските факти и документи, уште пред Албанија да стане држава. Уцените се големи дека ќе им се земе бугарскиот пасош, а се знае зошто се земаат овие пасоши, од економски причини. Самата бугарска држава тоа го знае. Бугарите го прават ова за да ја опколат Македонија со бугарско малцинство и да кажат дека во Македонија нема македонско население“, вели Ѓурѓај.

Според последниот Попис во 2011 година, имало близу 6.000 македонско население во Албанија и е второ малцинство по Грците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…