Јавен состанок на Агенцијата за пошти
Состојбата на поштенскиот пазар во Република С. Mакедонија, тековните и идните активности беа во фокусот на јавниот состанок на Агенцијата за пошти на кој денеска беше претставен и Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република С. Македонија за 2021 година како и Информација за Јавна расправа за измена на Правилникот за содржина и форма на нотификација и потребната документација која се доставува со нотификацијата.
– Во изминатите шест месеци прва конкретна активност што ја направивме е формирањето на работната група за иницирање на измена и дополнување на Законот за поштенските услуги. Нејзина цел е унапредување на регулаторната рамка, но и усогласување на домашното законодавство со европското, согласно глобалните трендови на пазарот на поштенските услуги, посочи директорката на Агенција за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска.
Таа информираше дека моментално се во процес на подготовка за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на нотификацијата и потребната документација која се доставува со нотификацијата, како и измени и дополни на Правилникот за барањата за квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга со параметрите за квалитет и нивно мерење.
– Тоа ќе ни овозможи да пропишеме нови стандарди на квалитет. За таа цел е формирана работна група со претставници од давателот на универзалната услуга и од Агенцијата за пошти. Исто така, продолжуваме со активностите на работната група поврзани со посебното сметководство и алокација на трошоци, рече таа.
На настанот беше презентиран и Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република С. Македонија за 2021 година кој покажува дека во 2021 година има намалување на бројот на даватели на поштенски услуги на слободниот пазар кој изнесува 42, во однос на 2020 година, кога имало 46.
– Обемот на поштенскиот пазар во Република С. Македонија во 2021 година изнесувал 37.616.911 поштенски пратки и покажува намалување од 6,6 отсто во споредба со 2020 година, стои во извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…