Јавна тајна е дека газдата имал заштита од полиција и инспекција – сведочења за „Пулс

t

Јавна тајна е дека Дејан Јованов Деко има заштита од луѓе во полиција и инспекциите и затоа не работеше како што треба. Беше многу алчен за пари и нè оптоваруваше со работа и не ни даваше ни да седнеме. Ова е дел од исказот на Ана Томева, кој е сведок на обвинителството и кој се читаше на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Томева не можеше лично да сведочи поради нејзината психичка состојба. Таа работела и во кафулето „Класик“ и во дискотеката, не била пријавена и добивала пари на рака, а фискалните сметки биле заменувани со нелегална документација која интерно се нарекувала „црни пари“. Вработените немале никаква обука за противпожарна заштита и спасување, ниту знаеле каде стојат ПП апаратите.

„Јас мислам дека Деко потплаќал и тие дојави од полиција и инспекција не биле за џабе“, сведочеше Ана Томева, сведок.

Додека пак при најавени инспекциски контроли, според Томева, вработените и дел од присутните морале да се претставуваат како гости за да се прикрие реалната состојба во објектот. Таа била присутна и кога некој телефонски му се јавил на Михајло, синот на Јованов Деко за користење на прскалките трагичната вечер и кажал дека тие не се согласни, но ДНК тоа го барале.

Сведокот Лина Крстева била чест постител на „Пулс“, а вечерта кога избил пожарот немало лица кои им помагале или ги насочувале.

„Видов еден полицаец кој само стоеше и не ни помагаше“, рече Лина Крстева, сведок.

По читањето на исказите се изведуваа материјални докази, меѓу кои и видео снимки од пожарот кои беа со вознемирувачка содржина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…