Јавни личности со поддршка за денешниот протест „Правда за жртвите на Онкологија“
Денес, трета недела по ред продолжува серијата протести „Против убиствата на Онкологија“, каде главна порака на протестирачите до властите и надлежните е „Правда за жртвите на онкологија“. Реакциите во јавноста речиси цел месец не стивнуваат, правдата се’ уште ја нема, а револтот е се поголем. Дел од јавните личности, актери, уметници, пејачи универзитетски професори… изразија поддршка за овој протест.
Информацијата за денешните протести ја сподели еден од најпознатите македонски актери Сашко Коцев, популарниот рапер Тони Зен, деканот на факултетот за Музичка уметност, композитор и пијанист Дарија Андовска, актерот Атанасовски Атанас и многу други.
Освен ова, се огласија и претставниците на здравствените работници. Боби Бојчевски, национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници во насока на поддршка на протестирачите, истакна дека е случајот Онкологија мора да биде расчистен.
Протестот е закажан за денес, понеделник од 18 часот пред Владата, и истиот ќе заврши пред обвинителството од кое се бара резултати во истрагата. Организаторите на протестот, повикуваан на масовна излезеност, затоа што сметаат дека се злоупотребувани човечки животи, заради остварување на профит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Уапсен е тетовец – нападна две деца…
Жител на тетовското село Требош (51) бил…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…