Јавното обвинителство постапува по кривичната пријава за Петре Шилегов – полицијата ги испитува наводите!

t

Пред само два дена Инфомакс објави нов скандал поврзан со работата на екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов против кој е поднесена кривична пријава за Злоупотреба на неговата службена положба и овластувања соогласно членот 353 од Кривичниот законик.

Како што објавивме Шилегов намерно ја потценил вредноста на Градската Куќа објект во кој требаше да биде сместена градската администрација, проект изграден со пари на даночните обврзници, односно пари на граѓаните.

Иако цената на чинење за изградба на објектот била 21 милион евра, Шилегов истата ја продаде за 12,7 милиони евра на приватната компанија ЕВН Македонија.

Објектот беше во целост завршен и спремен за вселување, но сепак екс-градоначалникот се реши на ваков скандалозен потег кој наиде на огромно негодување од јавноста.

Одлуката на Шилегов за продажба на државен имот како што велат нашите информации не била нималку наивна, а за истата е поднесена и кривична пријава за злоупотреба.

На прашање на редакцијата до Јавното обвинителство каде е поднесена кривичната пријава дознаваме дека истата е процесуирана и се постапува.

Од обвинителството велат дека случајот е во фаза на предистражна постапка, а издадени се насоки до полицијата за да се проверат наводите во пријавата.

-Предметот за кој покажувате интерес е во фаза на предистражна постапка. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веднаш по приемот на предметот издаде наредба до МВР-СВР Скопје со насоки за сите дејствија кои треба да се преземат за проверка на наводите во пријавата. По наредбата се постапува, велат од обвинителство.

Во пријавата се тврди дека Петре Шилегов го оштетил буџетот на град Скопје за најмалку пет милиони и двеста илјади евра (5.200.000 евра), со одлуката за продажба на Градска куќа.

Koга отпочнува постапката за продажба во 2019-та година Градската куќа е целосно изградена и подготвена за вселување на градската администрација. Но, наместо вселување на градската администрација, екс-градоначалникот Петре Шилегов потпишува купопродажен договор со „ЕВН Македонија“ за неверојатни 785.031.8181.00 денари, или околу 12 милиони евра.

Проблемот е што согласно договорот и ревизиски извештај само инвестиционата вредност за изградба на Градска куќа е 20 милиони евра, а ако на оваа цена се вклучи и ослободувањето од данокот кон град Скопје од околу 1 милион евра тогаш, вкупната вредност на овој објект е најмалку 21 милион евра.

Дополнителен проблем за Петре Шилегов е што фирмата „АБЦ-Бротхер“ ДООЕЛ од Скопје е таа која извршила процена на вредноста, а истата фирма од администрацијата на Шилегов добила околу 85.000 евра преку јавни набавки од градот.

Скандалозно е што „АБЦ-Бротхер“ ДООЕЛ проценката ја направила за само еден ден, а проценителот Бранко Чурилов кој во еден ден извршил проценка во извештајот за проценката наведува дека бил усно известен што да напише во описот на проценката. Сето ова упатува на тоа дека купопродажната цена била однапред договорена.

Документацијата за случајот можете да ја погледнете тука:

Да видиме што вика катиљ ферманот, дали Петре Шилегов и директорот на ЕВН Македонија Штефан Петер „кркнале“ 5.2 милиони евра народни пари?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Продолжуваат заканите кон новинарот Салиу, тој…

Продолжуваат суптилните закани кон новинарот Фуркан Салиу…

(Фото) Инцидент: Насилници од ДПМНЕ нападнаа доставувач на храна

Насилници нападнаа доставувач на храна за време…

Српските полицајци ја опколија колибата на еден…

Голем број припадници на српската полиција ја…

Нели нема корупција во ЕУ? 22 лица…

Во акција на полициите на Италија, Австрија,…

(Видео) Детали за кобната сообраќајна несреќа во…

Италијанските медиуми објавија фотографии од сообраќајната несреќа…