Јакимовски: Ако се вмеша НАТО во Украина ќе има нуклеарна војна од светски размери

t

Во „Студио 10“ на Телевизија 24, во своето гостување, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски ја коментираше ново-настанатата воена состојба помеѓу Русија и Украина, каде вели дека бил првиот кој што постојано велел дека Русија ќе нападне. „Тие напаѓаат од сите страни, но главно од Белорусија. Уште 6 области сакаат да се приклучат кон Русија. Тоа се харковската област, заопрошкката област, Николаев област, одеса и други… Путин планира да ја покори цела Украина“

Јакомовски истакна дека обидот да се заокружи Русија и да се поставуваат ракетни системи блиску до границите е опасна игра: – „Владимир Путин молеше на безбедносниот самит во 2008 да се обединат со Русија против еден непријател, тероризмот. Тие се плашат од економските санкции да се создадат внатрешни немири и Русија да се подели на 5 дела. Они одат на се или ништо. Или ќе го одвратат НАТО или Русија нема да постои.“

„Ова е премногу сериозно. Ова може да има верижна реакција. Кина со тајван. Од друга страна, на балканот српскиот свет.“ Потенцирајќи дека не е случајно дојден носачот на авиони на јадронаот. – „Имаме нова војска во бондстил, се плашам дека може да биде гаѓан Бања Лука или Белград, работата е пресериозна.“

За тоа дали конфликотот може да има домино ефект, тој вели дека тоа е многу возможно – „Ако се вклучи НАТО, ќе има светска војна со нуклеарно оружје. Целата работа се исценира за да може да се воведат санцкии на Русија.“ – Тврди Јакимовски.

Во меѓувреме Србија и Хрватска се вооружуваата, а кај нас нема ни совет за безбедност, македонските власти не излгедаат загрижени од воените конфликти во европа.- „Пет години се вооружува Србија, не е селучајно што се набавуваат резерви на храна и основни производи. Хрватска се вооружува како пандан и противник на Србија. Хрватска се закани ако република Српска се обедини со Србија, дека ќе ја отсечат до Требиње.“ – Коментираше Јакимовски и понуди решение:
– „Решението е во договор за разоружување да се вметнат ракетите од краток и среден дострел, затоа што тие не се предвидени во претходните договори“.

Тој додаде и дека ситуацијата Русија-Украина е слична со Македонија и Бугарија, каде јасно може да се согледаат двојните аршини – „Русите тврдат дека се ист народ со Украинците, дека Ленин им ја создал државата, како што бугарите тврдат дека Тито не создал. Исто е, само што овде не тераат да преговараме со нив.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)  Јакимовски: Враќање на достоинството на македонскиот…

Како претседател ќе се залагам за јакнење…

НАЈНОВА ВЕСТ: Братот на убиецот на Данка…

Осомничениот Д. Д. (1984) од Бор кој…

Вучиќ утре на средба со Макрон, посетата…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре во…

Лавров во посета на Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

 2.200 лица се пријавиле за работа во…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека…