Јакимовски: Бугарските разузнавачки служби даваат пари за Македонци да учат бугарски јазик

t

Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во врска со внесувањето на Бугарите во Уставот истакна дека најмалку се проблем Бугарите како нација, туку проблем се намерите“, рече Јакимовски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21, додавајќи дека Софија води „великобугарска“ политика.

„Тие си ги покажаа нозете, односно змијата си ги покажа нозете веќе со француско-бугарскиот договор. Почнаа да отвораат веднаш овие нивни здруженија со провокации. Веднаш нивните разузнавачки служби почнаа да даваат пари и почнаа да нудат пари за тие што ќе го учат бугарскиот јазик“, рече Јакимовски.

Тој додаде дека Бугарите има иредентистички намери кон Македонија и дека воопшто не го се плашат да го кажат тоа.

-Тие никогаш не се срамат да кажат дека имаат иредентистички аспирации кон Македонија. Не се срамат тоа да го кажат во Европскиот Парламент, во интервјуа, јавно и така натаму… Пазете ја тезата „Един народ, две држави“, додаде Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…