Јакимовски за Мицкоски: Недај Боже да имаше повеќе општини каде градоначалниците ќе беа од други партии а советотот од ВМРО ДПМНЕ – Ќе ја колабираа цела држава!
Во Сараево на левата обала на Миљацка има една куќа, на сараевчани им е позната како инат куќа, Таа е во непосредна близина на „Градската вјечница“.
Зошто инат куќа?
Затоа што тука проаѓала улица и сопствениците никако не сакале да ја дадат да се сруши и да се направи кејот на реката Миљацка.
Мислам дека ВМРО ДПМНЕ своето седиште треба да го премести од Бела палата во Инат куќа. Затоа што нивната политика се сведе само на инает.
Инает во Карпош, инает во Град Скопје, инает во парламентот. Недај Боже да имаше повеќе општини каде градоначалниците ќе беа од други партии а советотот од ВМРО ДПМНЕ. Ќе ја колабираа цела држава.
Со политиката на инает воопшто како човек кој се бавам долго со политика не можам да ги сватам овие нивни потези а и Скопјани на изборите нема да им простат.
Неразумно беше блокирањето на буџетот во Карпош и неразумно беше да не се дадат плати на вработените во ЈСП, . Како и обично даваат тралала образложение дека недомаќинско се работело и парите се трошеле нетранспарентно.
Ејј нетранспарентно!!!
Мерковите студенти научили нов збор! Нетранспарентно!
Само тие ги трошат парите транспарентно!
Ајде нека кажат колку транспарентно ги потрошија 46 милиони евра за набавка на автобуси од Кина.
Мерковите студенти незнаат ни обични математички операции собирање и вадење.
Вкупните месечни приходи се 75 милиони денари а само за плати месечно се потребни 85 милиони денари.
Дали мерковците знаат дека автобусите трошат нафта, гас, дека истите се расипуваат и се набвавуваат резервни делови, работниците нели треба да се згреат значи треба електрична енергија, вода, треба да се плаќаат кредити кој тие ги земале итн итн.
Барем за математика го бидува нивниот лидер , може да собере и да извади и ќе констатира дебел минус.
Зошто минус?
Затоа што учениците се возат бесплатно, студентите исто така, пензионерите, лицата со попреченост овие се најбројните а има и други што бесплатно го киристат јавниот превоз.
Ако владата не плаќа за студентите, градот за средношколците, министерството за труд и социјална политика за пензионерите и лицата со попреченост како тогаш ќе функционира градскиот превоз?
Нема транспарентност.
Транспарентет е само нивниот инает!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…
Силно невреме со град поголем од лешник…
Холандија се откажува од Евровизија
Холандија нема да учествува на Евровизија следната…
Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…