Јакимовски изврши увид на градежните активности на улицата „Јуриј Гагарин“ и најави нови зафати
Општина Карпош ја стартуваше новата година со реализација на градежни зафати на територијата на урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу.
Од Општина Карпош информираат дека конечно е решен повеќедеценискиот проблем со канализационата инфраструктура на зградата број 47 на улицата Јуриј Гагарин. Градежните работи ќе продолжат на оваа локација. Планирано е подземна и надземна реконструкција на крак од улицата Јуриј Гагарин.
– Во овој дел ќе правиме атмосферска канализација вклучувајќи нови тротоари, нов коловоз, а ќе бидат средени и паркинзите на зградите 47 и 49, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.
Во програмите за 2023 година ставена е и изведба на енергетско ефикасна фасада нa зградите 47 и 49, а потоа и уште една зграда во непосредна близина со што оваа урбана заедница ќе добие современ и модерен лик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…
Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…
Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…
Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…
Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…
18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…
Со пиштол и се заканувал на сопругата…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…