Јакимовски: Констатирале кучиња скитници во Карпош – а во 2000 година имаше повеќе кучиња отколку деца
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во емисијата „Разговори во живо“ со Тони Михајловски, зборуваше за своите партиски противници кои единствениот проблем кој го констатирале во општината се уличните кучиња.
„Замислете, кога си безидеен – најголемата работа што можеш да ја „констатираш“ е дека во Карпош имало кучиња скитници. Големо откритие, нема што.
Ајде малку да се потсетиме – во 2000 година имаше повеќе кучиња отколку деца. Во 2009-та, истата слика. Денес? Реално, Лајка работи солидно и глутници по маалата нема. Да, ќе се појави по некое куче, ама тоа е затоа што некој од други населби ги истовара кај нас.
Три пати предлагав на Совет да се издвојат по два милиони денари за Лајка – и трите пати гласаа против. И тие истите денес констатираат дека имало кучиња.
Тоа е нивото на „интелигенција“ со кое се борат против Карпош. А јас ќе продолжам да се борам за вистински решенија.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…