Јакимовски му одговори на Мицкоски: Ќе ве победам и нема да инсталирате марионета!

t

Ќе ве победам затоа што имам искрени намери, затоа што сум далеку подобар кандидат од Гордана, се гледаме на избори Христијан, му порача лидерот на ГРОМ и кандидат за шеф на државата, Стевчо Јакимовски на Христијан Мицкоски.

Ја пренесуваме неговата објава на Фејсбук во целост:

📌Досега никогаш во мојата долга кариера не сум се кандидирал за да му попречам на било кого. Јас и посакувам среќа и успех на вашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и немам лоша мисла за неа.

📌Но јас никогаш не сум бил марионетка и моментите кога ВМРО и СДСМ беа најјаки се спротиставив на погрешни политики и ги победив за да промовирам автентична сопствена политика.

📌Јас не сум ад хок политичар и не прифаќам споредни улоги туку главни улоги. Во секоја изборна кампања јас имам сопствена идеа и своја програма и со неа победувам, потоа кон истите се приклучуваат останатите политички субјекти зошто секогаш сум бил иновативен, оргинален, рационален и доболно храбар да го спроведам тоа што сум го намислил.

‼️За жал Христијан игра улога недостојна за Mакедонец. Пред очите на македонската јавност, режисерите од надвор го ослабнуваат ДУИ, ја делат Алијанса и му ги додаваат другарите на Албин Курти БЕСА, како иден коалиционен партнер. Христијан по изборите треба ја одигра марионетската улога за промена на уставот а веднаш потоа да признае дека сме нација од 1944, да прифати дека нашиот јазик е бугарско наречје и дека споделуваме иста историја, дека македонските револуционери се бугари по род, вклучувајќи ја и македонската икона Гоце Делчев.

Ваквата улога ја доделуваат на личности како Христијан Мицковски, а народот во мене препознава личност кој ќе се спротистави токму на ваквите предавства.

👉Ме потценувате повторно, ме потценивте и во 2009та, токму Вие загубивте од мене.

Ме потценивте и во 2013 и ја дожеивеавте истата судбина како и во 2021та година кога ти ја делеше опозицијата со свој кандидат.

Секогаш кога сте ме потцениле сте губеле и така и сега Ви порачувам дека ќе поминете исто како во 2021 година❗️

Ќе ве победам, затоа што јас имам искрени и чесни намери❗️

Ќе ве победам затоа што немам скриена агенда❗️

Ќе ве победам затоа што јас имам прави идеи❗️

Ќе ве победам затоа што во моите пораки нема лага❗️

Ќе ве победам затоа што јас сум Македонец❗️

Ќе ве победам затоа што сум далеку подобар кандидат од Гордана❗️

Ќе ве победам и нема да инсталирате марионета❗️

Христијан се гледаме на избори❗️ – напиша Јакимовски на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

(Видео) Јакимовски: Ќе бидам претседател на сите…

Вечерва се одржа претседателската конвенција на Стевчо…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Јакимовски ги поднесе потписите: Очекувам влез и…

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска официјално…

Истече рокот за собирање на потписи, седум…

На полноќ истече рокот за собирање потписи…