Јакимовски најавува изградба на 4 цркви во Карпош – Ова го бараат граѓаните!
Предлог дуп-от во Карпош, предизвика реакции помеѓу граѓаните. Градоначалникот Стевчо Јакимовски, во Студио 10 вели дека овие планови биле изработени од минатите градоначалници и дека сегашната верзија е малку изменета. Како општина не можеле да прават видни измени бидејќи се работи за приватно земјиште.
„Кај Кино карпош ќе има една зграда 11 – катница. Тоа е приватно земјиште, но мора на совет да помине. Овој план е подговотвен од претходниот градоначалник. Има законски ограничуања на кои ние не можеме да влијаеме. Не можеме да нацртаме трева или да ја избришеме парцелата.“ – вели Јакимовски.
Со сегашниот план предвидени се и четири цркви, кои, какошто вели Јакимовски се исклучиво по барање на граѓаните. На прашањето дали доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат џамија во овој предел, тој потенцираше дека со 98% застапеност е население кое се христијани.
„Црквите се по барање на граѓаните. Предвидени се 4 цркви бидејќи 98% од населението во Карпош се христијани. Нашиот план е на 10 – 12 илајди жители да има една црква“ – изјави Јакимовски во Студио 10.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…