Јакимовски: Од Лос Анџелес до Владивосток постои ли градоначалник како мене кој ќе се откаже од влијание врз тендер од 2 милиони евра

t

Стевчо Јакимовски кандидатот за претседател на коалицијата „Храбро за Македонија“ во своето гостување во „Утринско еспресо со Златев и Боцевски“ истакна дека тој е најистражуван политичар во Македонија заедно со Никола Груевски и за него нема ниту една дамка и никаков криминал.

-Стевче Јакимовски е најистражуван политичар во Република Македонија, веројатно јас и Груевски. Две и пол илјади тендери Финансова полиција анализираше. Во две и пол илјади тендери знаете што најдоа? Во два тендера моите служби не зеле две банкараски гаранции во вредност од 900 илјади денари. Каква врска имам јас со тоа, прашува Јакимовски.

Тој посочи дека во тендерот за улично паметно осветлување во општина Карпош се има откажано од било какво влијание во јавната набавка.

-Второ. Јас сум се откажал од влијание врз тендер од два ипол милиони евра за улично осветлување. Еве јавно го повикувам јавниот обвинител ајде да провери сите склучени договори за приватно јавно партнерство за ново осветлување, лед осветлување или таканаречено паметно осветлување во секоја општина за колку пари се склучени договорите за колку во општина Карпош, вели Јакимовски.

Јакимовски напоменува дека вредноста на тендерот успеал да ја намали за повеќе од 350 илјади евра и дека набавката ја спроведувале советници и професори експерти од Електро факултетот.

-Прво го поништив тендерот го намалив за 350 илјади евра и од секоја советничка група по еден член во комисијата, плус еден вработен од кај нас и плус двајца професори од Електро факултетот кој ни ги даде факултетот за да ги утврдат условите под кои фирмите ќе се јават.  Е сега од Лос Анџелес до Владивосток постои ли градоначалник кој ќе се откаже од влијание врз тендер од 2 милиони евра и сега тие ќе ми говорат мене за тендери, вели Јакимовски.

Претседателскиот кандидат Јакимовски потенцира дека се откажал од било каков потпис во урбанизмот како градоначалник  посочувајќи дека целата процедура сега ја водат службите соогласно Закон и процедура.

-Во урбанизмот јас сум единствен градоначалник кој се откажал од било каков потпис во урбанизмот, сум го дал на службите. Си има раководител на сектор, тие  се стручни. Не ме интересира на кого му даваат одобрение на кого не. Секој што исполнува услови утврдени со Закон ќе добие одобрение за градба. Јас сум единствен во оваа држава што вика вака. Ајде ние политичарите од сите потписи да се тргнеме ние само да ја водиме политиката да ги донесеме програмите за работа, а сѐ друго да спроведуваат службите. Слушнавте некој политичар да каже да го прифаќаме тоа? Ајде објаснете ми зошто тендерите во министерствата и јавните претпријатија да не ги спроведуваат службите? Зошто инсистираат на наш потпис, за да можат да не држат после во шака, прашува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…