Јакимовски: Османи води жирафа политика – Ќе каже ли нешто за убиствата на цивили во Газа?

t

– Мене ми е жал што господинот Бујар Османи во оваа изборна кампања не можам да го слушнам да каже нешто за животот во Република Македонија и за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија, туку ни пропагира политика на жирафа, вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од Битола.

– Жирафата млекото го дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, односно, господинот Бујар Османи свој леб јаде, туѓо гајле бере. Цело време го слушаме како бере гајле за Косово, за Косоварите, но никако да предложи нешто за подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Па оттука ни кажува дека ако Косово некаде не било повикано на состанок, дека тој нема да присуствува како Претседател на Република Македонија, или морало да се гласа за влез на Косово во Советот на Европа.

Јас само би го прашал господинот Османи: Зарем Македонија не стори доволно за Косово? Го дадовме небото за да биде бомбардирана СР Југославија, дадовме простор во Катланово, во Петровец и во Куманово за воени бази на НАТО за напад на СР Југославија од Македонија, го признавме Косово, ја демаркиравме границата и досега сме гласале во сите институции за Косово.

За возврат Косово и Албин Курти се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија и кога јас ќе бидам претседател ние мора да му покажаме и на Косово и на Албин Курти дека ние сме држава, дека тој не е! И дека натаму нема да добива наша поддршка.

Но во исто време сакам да го прашам господинот Османи: Води ли сметка дека во оваа држава има и други етнички заедници и води ли сметка дека ние имаме и некој друг сосед? Што лошо ние имаме со Србите? Покрај тоа што сме го дале небото за бомбардирање на Србија, Србите ни ја признаа црквата, поштено вратија тоа што земале 1918 година, се однесоа крајно комшиски за време на короната и ние не можеме да ги нарушуваме односите со така голем сосед и битен тговски партнер за Република Македонија.

Значи ние мораме да имаме избалансиран однос со сите соседи, вклучувајќи го и Косово и Република Србија и Албанија, Грција и Бугарија. Значи ние не можеме да водиме политики кој како сака и само да бидат тоа еднонасочни политики.
Од друга страна, што толку се меша околу прашањето на Средбреница и прогласување на геноцид во Сребреница? Таа си е работа српска, хрватска, босанска итн. Што воопшто се меша во тие работи? Пак ќе кажам, води ли сметка за нашите комшиски односи со Србите?

Но во исто време јас сакам да го прашам господинот Бујар Османи како муслиман, како министер за надворешни работи, пред сѐ како човек, како татко, ќе каже ли нешто за овие 32.000 жртви во Газа, ќе каже ли нешто за над 15.000 деца убиени во Газа, убиени цели фамилии по принципот на спржена земја?
Далеку од тоа дека јас ги амнестирам Хамас и нивниот терористички напад, убивање на цивили и заробување на цивили, но ако Хамас е држава, Израелците треба, Израелската држава да се бори со банда и да ја елиминира бандата и да ја неутрализира бандата. Но зошто убива недолжни граѓани, недолжни цивили и господинот Бујар Османи, коректно е и принципиелно ќе биде да каже и за ова некој збор.

Но овде очигледно треба да се додвори на нечија политика и тука е помал од „махово зрно“, а овде нам ни предлага да излеземе од Отворен Балкан, кој е интерес на Република Македонија да излезе од Отворен Балкан кога Европа не нѐ пушта во нејзиното преддворје? Напротив, ние треба да го развиваме Отрворен Балкан и сите држави треба да се потрудиме дури и да водиме заедничка надворешна политика vis a vis Европската унија која с еоднесува крајно потценувачки кон земјите од Западен Балкан, истакна Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: Пристапот на Нетанјаху во Газа е…

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон…

Австралија ќе назначи специјален советник за истрага…

Австралиските власти ќе назначат специјален советник кој…

Од почетокот на војната во Газа, загинаа…

Министерството за здравство, кое е под контрола…

Меѓународниот суд на правдата му нареди на…

Највисокиот суд на Обединетите Нации вчера му…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…