Јакимовски: Сегашниот совет е најчудниот и најнедостојниот кој го имала општина Карпош

t

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за „Студио 10“, вели дека поради блокирањето на буџетот од страна на некои од советниците, доведени се во сериозна опасност работењето на Општината и давањето на услугите на граѓаните во Карпош.

„Жалосно да се нема ниту еден проект, ниту една работа за подобрување на граѓаните, предлог за како да го зголемиме буџетот на општината. Не можеш да сфатиш дека имаш советници кои се срекни ако ја опструираат општината. Оваа година славиме 48 година и ова е најчудниот и најнедостојниот совет кој го имал општина карпош. Ако сме имале вако полтиканство досега, Каропш ке беше најлоша општина. Да се прават потези кои одат на ваша штета.. а за жал видовме и политики кои се на штета на самите актери кои се ободиваат да ја протнат таа политика.. За жал, можеме да видиме како неодговорни луѓе си играат со државата. Имаме законодавна, судска, извршна и локална власт. Ова е класично загрозување на една власт, а тоа е локалната, во конкретниот случај Општина Карпош. Ниту граѓаните ниту вработените немаат фајде од тоа што некој ќе им каже дека ги разбира и дека нивниот револт е оправдан. Постојат закони што политиката ја ставиле во одредена рамка и кога на политиката главата ќе ѝ биде премногу вжештена и кога ќе прават премногу глупости, тогаш настапува законот. За жал, никој не ги почитува законот и обврската на Советот на Општина Карпош, на претседателот на Советот, на 31.12. да донесе или буџет или да донесе одлука за привремено финансирање. Во конкретниот случај ниту е донесен буџет ниту е донесена одлука за привремено финансирање.“ – вели Јакимовски.

Освен што е во опасност реализирањето на сите програми на Општината, вели тој, во сериозна неизвесност е доведена и исплатата на платите, па дури и работните места на вработените во градинките, училиштата, во општинската администрација и на привремено вработените.

„Со тоа се доведени во опасност сите програми на Општина Карпош, што значи дека нема да може да се даде сервис и услуга на граѓаните, да не може вработените да земат плата. Дури и да доаѓаат и да земаат плата, кои се ефектот и ќарот на граѓаните на општина Карпош ако вработените само земаат плата, а не се остваруваат програмите, односно, ако не се поправаат светилките, ако не се поправа урбаната опрема, ако не се решава запушената канализација и сите други потреби што ги имаат граѓаните на општина Карпош. Имаме сериозен проблем. – вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…

Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…

Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…

Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…

Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…