Јакимовски со жестока порака до Мицкоски: Трн во око ти се маркетите, а банките не смееш да ги споменеш!

t

Што ви реков?

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња. Трн во око им се маркетите. Седум големи маркети прават вкупен промет од 900 милиони евра, и сите заедно имаат добивка од 32 милиони евра. Тоа е некаде околу 3,5% добивка, профит од целокупниот промет.

Комерцијална банка, Тутунска банка и Стопанска банка имаат вкупен промет од 380 милиони евра, а добивка 191 милион евра. Изразено во релативни бројки (проценти) тоа е над 50% добивка, профит од вкупниот промет.

Внимавајте! Овде зборуваме само за три банки. Сите заедно прават над 230 милиони евра заработка за изминатата 2024 година.

Баба лаже, трап не лаже!

Прашања до премиерот:

Маркетите дали користат кредити од банките?

Плаќаат ли провизии и други банкарски услуги? Транспортерите, производителите, итн… граѓаните земаат ли кредити?
Плаќаат ли провизии, услуги за обработка на кредити, услуги за опомени и уште што ти не?

Ве молам зафатете се да решавате вистински проблеми и удрете по причините, а не по последиците. Цените во маркетите се последица, а не причина за растот на цените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…