Јакимовски: Јас сум единствен политичар кој бара да се престане со вработување во администрација, освен во образование, здравство и безбедност!

t

Овие граѓани цело време плачат дека не им е добро и убаво, а цело време се менуваат две партии – СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Сами ги бираат. Да ја вратиме 2016 година, потполно е исто, вели градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски во интервју за емисијата „Слободен печат“.

Според него, партиите ја имаат истата реторика.

-На крај ќе се гласаме меѓу себе, ни отидоа децата… Се блокира цела држава како да сме аутисти. Не се нудат решенија, истакна Јакимовски.

Првиот човек на ГРОМ бара и „МАНУ да излезе со стратегија и да се седне на маса, за да може да се развива државата“.

Вели дека е „отворен за соработка со сите партии во Македонија, освен со Христијан Мицкоски“.

-Јас сум единствен политичар кој што вели да го запреме вработувањето во државната и јавната администрација, освен во здравство, образование и безбедносните служби. Се што е вишок, да се префрлува таму каде што нема, рече Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19 лица кои работеле со договор на…

Во Општата болница со проширена дејност во…

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…

Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…

МВР вработува 150 нови полицајци, кандидатите ќе…

МВР информира дека во тек е огласот…

Скопјаец дал 23.000 евра за вработување на…

На 23.04.2025 во 19.30 часот во СВР…

Меџити даде силно ветување за вработување на…

Првиот заменик-претседател на Владата и претседател на…