Јалдз Веапоска: Лекарите ме направија инвалид и пола човек, а нивниот вештак тврди дека ми го спасиле животот
Професорот од Медицинскиот факултет, доктор Драге Дабески, во своето медицинско вештачење што го изготвил за случајот со родилката Јалдз Веапоска која отиде да се породи со царски рез, а остана без матка, јајник и бубрег, наведува дека тројцата обвинети лекари од болницата во Струга направиле се да ѝ го спасат животот на Веапоска. Тој вештачењето го изготвил на барање на обвинетите и наодот е контрадикторен споредено со оној изготвен од Институтот за судска медицина. Веапоска за „Слободен печат“ вели дека не само што не е точно дека ѝ бил спасен животот, туку ја направиле инвалид.
-Во неговото вештачење вели дека обвинетите доктори ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и со тоа што ме направиле половина човек. Како ми го спасиле животот кога ме пратиле за Скопје, пак сум легнала на операција и 14 дена бев во кома? Не знам како застанав на нозе и сум благодарна на лекарите на клиниката во Скопје, но не на овие доктори тука кои ми го упропастија животот, ме направија инвалид, жена која не може повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.
Дабески пак, тврдеше дека Веапоска била во животозагрозувачка состојба поради крвавење од бубрежната артерија, но одлуката дали требало да се извади бубрегот била на хирурзите.
Според него, првообвинетиот Мухамед Асани, лекар-специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот Блертон Асани, лекар-специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата Лилјана Јованоска, лекар-гинеколог акушер, кои се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, примениле подобни средства при лекувањето, не направиле пропусти и спасиле еден млад живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…