Јандриоски: Време е за оставки од врвот па надоле

t

Време е за оставки од врвот па надолу, му се згадивте на народот вели Кристиан Јандриоски на Фејсбук.

– Тлеело, ова нетрпение кое знаевме дека го има, но не знаевме дека е толку големо.

Многу зла крв. Многу омраза. Изречени тешки навреди, како лични така и навреди кои нарушуваат морални вредности. Нарушен и така кревкиот имиџ на носителите на високи позиции.

Но уште поважно, а можеби и најважно, нарушен имиџот на чиста и достоинствена борба. Никогаш нема да се докаже кој е крив а кој прав, зашо во оваа земја никогаш и ништо не се докажало преку институциите..

Исто така важно, можеби и клучно во овие услови за државата, го доподеливте и она малку што не беше поделено.

Да не се лажеме, и нека не ве лажат лајковите, статусите и аплаузите на фотељашите и оние околу вас кои чекаат едвај нешо да лапнат, или оние што лапале.

На народ му се згадивте.

На народ кој го бришат, народ кој едвај преживува, народ на кој ДУИ и СДС му ја киднапираа државата, вие му сервирате кавги за лоповлук, тендери, ваш прљав веш.

Гнасно….многу гнасно.

Овај народ напатен тоа не го заслужува. Не го заслужуваат ни оние кои оставија глава за Македонија.

Покажавте некомпетентност, покажавте незрелост, покажавте дека не сте спремни за компромиси во интерес на борбата за достоинствена Македонија.

Потребна е позитивна енергија, потребен е елан за работа, потребно е да се врати надежта кај народот, потребни се чисти и неизвалкани луѓе за да обединат и поведат напред, патем слушајќи го својот народ а не странските омразени ликови кои освен зло последниве години не донесоа ништо добро во земјава.

Време е сите да си дадете оставка, од врвот па надоле.

Сите завојувани страни.

Македонија и народот македонски, не заслужуваат циркузанти како вас.

Време е за ресет.

Вечна, напиша Јандриоски.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ