Јаневска го чека Филозофски да постапи, па да донесе решение за студентите што незаконски влегоа на магистерски и докторски студии
Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), вели министерката за образование Весна Јанавска за скандалозниот случај со студентите кои незаконски, без соодветно завршено образование биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии.
Јаневска потврди дека се констатирани нерегуларноста на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски, туку за втор и на трет циклус студии.
„Државниот просветен иснпекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информира Факултетот, кој треба да постапи. Колку што ми е познато, Факултетот постапува и јас го чекам конечниот извештај за кога ќе помине рокот за постапување како министер овластен во оваа област да го донесам и конечното решение“, изјави денес Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.
Според сознанијата на порталот МКД.мк, се работело за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на Инспекторатот им биле прекинати студиите.
Уписот на магистерски студии чини околу 2-3 илјади евра, а на докторските студии на Филозофскиот факултет чини 5-6 илјади евра.
Студентите сега си ги бараат парите назад, но не добиваат никаков одговор од деканатот.
Неофицијално, дел од нив веќе ангажирале адвокати, а по записникот од Државниот просветен инспекторат паниката се преселила во деканатот на Филозофскиот факултет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Започна полагањето на државната матура – Јаневска…
Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
Лани дипломирале 12.2 насто повеќе од 2020,…
Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти…
УКИМ продуцирал 134.600 високостручни кадри, над 13.800…
За 73 години постоење На денешен ден…