Јаневска: Државната матура годинава помина во најдобар ред, шеесетина ученици отстранети поради препишување
Државната матура оваа година е спроведена во најдобар ред, со значително намален број на случаи на препишување, информира денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска оцени дека организацијата на полагањето била на високо ниво, при што повеќето од учениците испитите ги полагале совесно и без злоупотреби.
– Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир, организирана така како што треба, во најголем дел во големи простори, каде што учениците немаа можност да прибегнат кон нелегални дејства – рече Јаневска.
Таа посочи дека бројот на ученици што биле отстранети од испитите поради препишување е значително намален во споредба со претходните години.
– Од двата испитни термина отстранети се шеесетина ученици, што покажува дека има одличен напредок во спроведувањето на матурата – нагласи министерката.
Според неа, станува збор за ученици што биле фатени при препишување и веднаш биле исклучени од полагањето.
Јаневска информира дека овие ученици ќе имаат можност повторно да полагаат во следниот испитен рок во август.
Министерката истакна и дека годинава е воведен нов пристап во полагањето, со два типа на матура во зависност од наставните планови и програми, со што, како што рече, е исправена досегашната нерамноправност меѓу учениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Државната матура годинава помина во најдобар…
Државната матура оваа година е спроведена во…
ДУИ за обвинувањата од ВЛЕН за автопатот…
Од ДУИ реагираат за обвинувањата од ВЛЕН…
Апелација потврди дека Ковачки ја клеветел Петровска
Апелација потврди дека пратеникот Драган Ковачки ја…
(Видео) Спречен шверц на злато вреден 1,5…
Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење…
СДСМ: Истите фирми добиваат тендери, а истите…
Опозициската СДСМ обвини дека постои организирана тендерска…