Јаневска им посака среќа на бруцошите и им посака да останат во земјава и по студиите

t

Во своето обраќање пред пристутните, министерката за образование и наука рече дека институциите се посветени на подобрување на квалитетот на високото образование и креирање услови за подобар живот на младите во земјава
Посакувам да останете во својата земја и по студиите – порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час. Министерката ја поздрави новата генерација на студенти на Универзитеот „Свети Кирил и Методиј“ и им посака среќа на бруцошите, велејќи им дека се на вистинското место.

„Сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век, сте на вистинското место, во својата земја, на најстариот универзитет, каде што професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува“, порача Јаневска.

Во своето обраќање пред пристутните, министерката рече дека институциите се посветени на подобрување на квалитетот на високото образование и креирање услови за подобар живот на младите во земјава. На студентите им посака да останат во земјава и по студиите и тука да ја градат својата иднина.

„Тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија“, додаде Јаневска.

Министерката информира дека оваа година на шесте државни универзитети се запишани 10 илјади студенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…

Славески: Најдобрата опција е ова што го…

Најдобрата опција е ова што го правиме…

Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…

Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…

Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…

Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…

Народната банка организира превоз за клиентите на…

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…