Јаневска: Кога светот се бори за знаење и напредок во сите области, кај нас учениците се уште се обидуваат да го измамат системот

t

Министерката за образование, Весна Јаневска информираше дека има напредок во полагањето на државната матура во споредба со минатата година. Бројката на млади кои препишувале е значајно намалена.

-Во моментов имаме информација за десетина деца кои се отстранети од матурата и се фатени како препишуваат од телефон. Се комплетираат информациите и за некој ден ќе бидат комплетни. Со оглед на тоа колку беа отстранети минатата година, смета дека има напредок и очекувам секоја година тоа да биде се подобро и подобро, рече Јаневска.

Министерката упати апел до учениците:

-Кога светот се бори за знаење и напредок во сите области, особено технологијата, кај нас учениците се уште се обидуваат да го измамат системот што во суштина им штети нив и на сите други. Оттука, бидејќи гледаат дека е зајакнато се што треба во однос на контрола на нивното знаење и ништо друго, сметам дека во вториот испитен рок, оваа бројка треба да биде уште помала и ова да биде вистинскиот пат по кој треба да се движиме.

15.000 матуранти од целата држава полагаа прв дел од испитот. Надлежните предупредија дека ќе има санкции за оние кои ќе дозволат дошепнување и препишување. Матурантите, пак кои се обиделе да го изиграат системот, цела година ќе немаат право на поправен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечна оценка од државната матура е 3,66,…

Просечната оценка од полагањето на матурата во…

Јаневска најави можно затворање на универзитети во…

Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…

Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…

Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…

Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…

По скратена постапка денес во Собранието беа…

Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…

Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…