Јаневска: Нов закон за средно образование ќе има наскоро
Нов закон за средно образование ќе има наскоро – објави министерката за образование и наука Весна Јаневска на нејзиниот фејсбук-профил откако денеска соопшти дека Предлог-законот за средното образование, кој требаше да биде на дневен ред во собраниската матична комисија, утрово е повлечен од собраниската процедура.
– Законот за средно образование утринава го повлеков, Комисијата нема да се одржи. Се уште ќе се доработува тој закон и потоа повторно ќе го вратиме во процедура… Постојат многу други промени во законот што се неопходни да се направат, затоа што законот од 1995 година не е менуван. Донесени се незначителни 34 промени. Мораме да менуваме концепции, наставни програми и наставни планови, се она што е неопходно за децата да се стекнат поголемо знаење, да можат на факултетите да постигнат високи резултати и да останат во државата, изјави Јаневска денеска за медиумите за предлог-законот кој повторно се повлекува од Собрание.
Во објава на Фејсбук попладнево таа наведе дека во новото предлог-решение се предвидени: поголема поддршка за талентираните ученици; образовни асистенти во средните училишта; воведување кариерни советници кои ќе ги насочуваат учениците да продолжат да се надградуваат или да работат во соодветни области согласно нивните вештини и способности, а не според желбите на родителите; уредување на начинот на кој ќе се реализира формалното образование на децата во казнено-поправните и воспитно-поправните домови.
-Измени ќе има и во државата матура – воведуваме училишна и државна матура кои ќе се разликуваат во гимназиското, стручното и уметничкото образование. Ќе потсетам дека постојниот закон е усвоен во 1995 година, напиша Јаневска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечна оценка од државната матура е 3,66,…
Просечната оценка од полагањето на матурата во…
Јаневска најави можно затворање на универзитети во…
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…
Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…
Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…
ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно…
По 23 години чекање, одложувања и неисполнети…
Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…
По скратена постапка денес во Собранието беа…