Јанев по апсењето на Цуна: Пропустите мора да бидат утврдени, одговорност ќе има
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев се огласи по лишувањето од слобода на Александар Лазаров – Цуна, бегалецот од полициската станица во Кочани. Цуна беше уапсен вчеравечер во Скопје.
-Овој случај уште еднаш потврди дека секој што бега од правдата порано или подоцна се соочува со законот. Никој не е недопирлив и никој не може трајно да избега од одговорност.
Како институција, целото наше колективно и индивидуално знаење, искуство, посветеност и интегритет ги вложуваме во борбата против криминалот и во исполнувањето на нашата основна задача заштита на граѓаните и испорачување безбедност. Истовремено, сакам јасно да порачам дека со пронаоѓањето на бегалецот не завршува и нашата обврска за целосно расчистување на случајот. Внатрешната истрага продолжува и секој што со постапување или непостапување придонел за овој настан ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури. Должни сме да бидеме отчетни, транспарентни и да постапуваме со интегритет. Без разлика што лицето е повторно лишено од слобода, пропустите мора да бидат утврдени, а одговорност мора да има, вели Јанев.
Јанев додаде дека полицијата потврди дека има капацитет и решителност да се справи со секој предизвик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на пациенти кои бараат помош…
На Клиниката за психијатрија во првите седум…
Во Дубаи полицијата доби Ламборџини за службени…
Полицијата во Дубаи ја прошири својата позната…
Во Португалија протести поради трошоците за живот…
Неколку движења за правата на станарите и…
Уапсени маж и жена од Кочани, во…
МВР информира дека се лишени двајца сопружници…
Над 400 оброци за граѓаните на кои…
По повод Светскиот ден на борба против…