Јанкуловска доби ослободителна пресуда за „Тврдина“, за екс-разузнавачите Грујевски и Бошковски 24 години затвор

t

Екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска се ослободува од обвинение за предметот „Тврдина“ поврзан со масовното прислушување каде меѓу обвинетите беше и екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, на кого му застаре делото за поголемиот предмет „Таргет-Тврдина“. Ова беше соопштено денеска при изрекувањето на пресудата во Основниот суд 1 во Скопје.

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски доби вкупна затворска казна од 3 години, во која се засметува и времето и поминато во куќен притвор.

Пресуда во отсуство добија и Горан Грујевски и Никола Бошковски, екс-разузнавачите кои избегаа а Грција не ги екстрадираше. Грујевски доби казна затвор од 14 години и 6 месеци, а Бошковски доби казна од 9 години и 10 месеци.

Обвинетите одговараа за злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК.

Апелација еднаш веке ја укина пресудата „Таргет – Тврдина“. Тогаш предметот стоеше во фиока дури 9 месеци кај апелациониот судија Енвер Беџети, а Судскиот совет за тоа го казни само парично.

Во случајот беа обвинети вкупно 11 лица, кои со првостепената пресуда, која Апелација ја укина, беа осудени на вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор. Апелацискиот суд Скопје во декември 2022 година соопшти дека ги уважил жалбите на седуммина обвинети во случајот, односно на сите осудени на затворски казни, со исклучок на Владимир Варелов кој доби условна казна од две години.

Првиот судски процес започна во декември 2017 година, а пресудата беше донесена по повеќе од три години, односно во февруари 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…