Јанчев: Коалицијата со ВРЕДИ им е поважна од бранителите!
По однос на Законот за бранителите ние од Левица направивме се за ДПМНЕ да нема повеќе изговори за блокадата на Законот. Дадовме потпис за да се соберат 1/3 потписи со цел тогашната претседателка на Комисијата за социјална политика да го стави на дневен ред. – стои во објавата на Фејсбук, на пратеникот на Левица, Саше Јанчев
Таа не го стави Законот на дневен ред, па и поднесовме интерпелација. Интерпелацијата беше успешна и тогашната претседателка веќе не е претседателка.
Претседателот на Собранието е должен во таква ситуација да закаже седница на матичната комисија за да се разгледа Законот. Тој спротивно на Деловникот тоа не го прави, па затоа му поднесовме кривична пријава.
Претходно му поднесовме интерпелација. Од ДПМНЕ решија да не ја гласаат. А слободно може да го сменат ако сакаат доколку не го става Законот на дневен ред.
Баравме и од Бендевска на процедурално, тогаш кога ми гасеше микрофон, да закаже седница на Комисијата за социјална политика на која во дневен ред ќе го стави Законот за бранителите. Она е потпретседател, па во отсуство на Гаши слободно може да го направи тоа. Претставници на ЗНАМ официјално викаат дека го подржуваат Законот за бранителите.
Па претседателот на Собранието закажуваше седници на Комисијата за социјална политика (матична комисија за Законот) на која за претседавач назначуваше колешка од ВРЕДИ/ВЛЕН која нормално дур во Законот не влезат и борците од УЧК не планира да го стави Законот за бранителите на дневен ред.
И конечно се закажа седница на Комисијата за социјална политика на која за претседавач беше избрана колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Ласковска.
И она денес одби да го стави Законот за бранителите на дневен ред. Исто како Бендевска, се на патриотска линија, само и само да не се наруши коалицијата со ВРЕДИ.
Бранителите може да почекаат избори и уште една тура патриотско тапшање по рамо од ДПМНЕ и ЗНАМ со Заветна во позадина. Во моментов Законот нема да помине оти владината коалиција со ВРЕДИ за патриотите од ДПМНЕ и ЗНАМ е побитна од бранителите. – Стои во објавата на пратеникот на Левица, Саше Јанчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
И Димитриевски ја оспорува последната анкета, објави…
И Максим Димитриевски ја оспорува последната анкета…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…