Јанчев најавува прочистување на општинската администрација

t

По спроведени две сеопфатни годишни анализи на работата на општинската администрација, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, најави процес на длабинска реорганизација кој ќе опфати до 30 проценти од административниот кадар.

Анализите биле изработени врз основа на искористеноста на човечките капацитети, почитувањето на Општиот колективен договор и важечките законски прописи, како и според индивидуалниот придонес на секој вработен – од раководните позиции до најниските структури по сектори. Посебен акцент бил ставен на квалитетот и квантитетот на извршување на работните задачи и реалната ангажираност во секојдневното работење.

Според најавите, дел од вработените ќе бидат прераспределени во други институции кои функционираат под надлежност на општината, со цел поефикасна распределба на ресурсите и подобро искористување на кадровските потенцијали.

– Целта е граѓаните да добијат поефикасни, побрзи и поквалитетни услуги, без политички, партиски или какви било други определби – изјави за КТВ Јанчев, нагласувајќи дека процесот ќе се спроведува исклучиво врз основа на професионални критериуми.

Најавените мерки, како што посочува, се дел од поширока стратегија за модернизација на локалната самоуправа и подигнување на стандардите во јавниот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американските сили во подготвеност за можни удари…

Американските сили во подготвеност за можни удари…

„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…

Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…

ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…

Два танкера кои превезуваат дизел од руско…

Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…

(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…

Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…