Објавено на:

Јапонија ги олеснува мерките за влез

t

Јапонија денеска ги олесни мерките за влез на странските туристи и почна да прифаќа апликации, но само за оние со пакет аранжмани и предводени од водичи кои се подготвени да го следат правилото за носење маски и останатите антивирусни мерки, додека земјата претпазливо се обидува да ги балансира деловните интереси и да се бори со повторно ширење на Ковид, пренесува АП.

Процедурите за регистрација при влез се отворени денеска, а пристигнувањата се очекуваат најрано до крајот на јуни, иако службите за имиграција и карантин на аеродромот се спремни за сите можни пристигнувања.

Јапонската туристичка агенција вели дека прифаќа тури од 98 земји и региони, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Кина, Јужна Кореја, Тајланд и Сингапур, за кои се смета дека имаат низок ризик од инфекција.

Делумно продолжување на меѓународниот туризам во Јапонија се врши според упатствата засновани на експеримент спроведен кон крајот на мај. Учествуваа околу 50 учесници, главно вработени во туристички агенции од Австралија, Сингапур, Тајланд и САД.

Според упатствата, од учесниците се бара да носат маски поголемиот дел од времето и да имаат платено осигурување за да ги покријат медицинските трошоци во случај да се заразат со Ковид. Правилата не поставуваат ограничување на бројот на луѓе во групата, но водичите мора да бидат присутни во текот на патувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден неуспех на јапонската вселенска копанија…

Јапонската компанија iSpace соопшти дека нивната беспилотна…

(Документи) Само делегацијата од Министерство за култура…

Министерството за култура потрошило 3.698.975 (три милиони…

Јапонија бележи рекорден пад на населението

Населението на Јапонија падна на 123,8 милиони…

Царините на Трамп ги зближија Кина, Јапонија…

Кина, Јапонија и Јужна Кореја се согласија…

(Видео) Експлозија во фабрика за автоделови во…

Во експлозија во фабрика за автоделови во…