Јапонија се прости од поранешниот премиер Абе
Јапонците денеска се простија од поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше погребан во будистички храм во Токио. Стотици луѓе се собраа околу храмот во центарот на Токио за да се простат од Абе.
Додека поминуваше погребната поворка насобраните граѓани облечени во црно и со цвеќе во раце извикуваа „Абе-Сан”.
Знамињата во Токио се спуштени на половина копје.
На погребот во храмот присуствуваа вдовицата на убиениот поранешен премиер Аки Абе, членови на блиското семејство, премиерот Фумио Кишида и високи претставници на Либерално-демократската партија на Абе.
На 8 јули, 67-годишниот Абе беше застрелан за време на предизборен митинг во градот Нара, а почина во болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на луѓе постари од 100 години…
Бројот на луѓе постари од 100 години…
Во Токио се подготвува „Брза помош“ за…
На улиците на Токио наскоро би можело…
На 115 години почина најстарата докторка на…
Јапонија се збогува со д-р Шигеко Кагава,…
Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…
Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…
(Видео) Тајфун со налети на ветер до…
Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура…