Објавено на:

Јапонците трупаат залихи по најавите за „мегаземјотрес“

t

Јапонските власти побараа од граѓаните да не складираат „прекумерни залихи“ на стоки за широка потрошувачка бидејќи најавата за можен „мегаземјотрес“ предизвика зголемена побарувачка.

Министерството за земјоделство и рибарство во вчерашната порака на социјалната мрежа Икс го повика населението да избегнува да прави прекумерни резерви на основни добра. „Подгответе резерва за три дена по лице“, советуваат од министерството.

Денеска, еден супермаркет во Токио објави известување во кое им се извинува на клиентите за недостигот на некои производи кои се припишуваат на медиумските извештаи за земјотресот.

Се додава дека има одредени ограничувања за купување и дека флашираната вода веќе е ограничена поради „нестабилноста“ на снабдувањето.

На веб-страницата на најголемата јапонска компанија за е-трговија Ракутен, меѓу најбараните артикли се тоалети, конзервирана стока и флаширана вода.

Некои продавници долж брегот на Тихиот Океан, исто така, пријавија голема побарувачка за слични производи поврзани со можната катастрофа, објавија локалните медиуми.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) во четвртокот издаде предупредување по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала во кој беа повредени 14 лица на југот на земјата дека постои зголемена можност за нов силен земјотрес, но дека тоа не значи дека дефинитивно ќе се случи .

Јапонија, која се наоѓа на пресекот на неколку тектонски површини долж таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, е една од земјите со најголема сеизмичка активност во светот. Тој архипелаг со 125 милиони луѓе има околу 1.500 земјотреси годишно, главно слаби.

И најсилните земјотреси таму обично предизвикуваат само помали штети благодарение на примената на антисеизмички градежни норми и запознавањето на населението со итни мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јапонците трупаат залихи по најавите за „мегаземјотрес“

Јапонските власти побараа од граѓаните да не…

Земјотрес од 6,8 по Рихтер го погоди…

Земјотрес што според прелиминарните мерења, бил со…

Предупредување за мегаземјотрес во Јапонија! Премиерот ги…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето…

79 години од бомбардирањето со атомска бомба…

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…

(Видео) Предупредување за цунами! Земјотрес од 7.1…

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според…