Јасен сѐ уште гори, вчерашниот дожд помогна да се стави под контрола

t

Дождот којшто вчера попладне заврна во делови од државата, меѓу другото ни помогна во гаснењето на пожарот во ловиштето Јасен, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов

„Иако за жал во текот на ноќта детектиравме пламени јазици на еден крај од ловиштето и не можам да кажам дека овој пожар е изгаснат, туку дека е ставен под целосна контрола. Рано утрово 30-тина припадници на армиските специјалци волци и ренџери се упатија кон местото кадешто има активно горење, притоа се спуштаат по исклучително стрмен и непристапен терен за да го зададат завршниот удар на овој исклучително тежок за гаснење пожар“, изјави Ангелов.

Сезоната на пожари не е завршена, а тој апелираше до сите граѓани да бидат исклучително внимателни и да го пријавуваат секое сомнително поведение на граѓани за кои се сомневаат дека можеби подметнуваат или несакајќи ќе предизвикаат пожар.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…

Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…

Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…

„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…

Русија се согласила да му испорача на…

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…