Јасна порака од САД: Време е Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ
САД на билатерална основа водат разговори со Бугарија и Македонија да ги решат билатералните спорови брзо бидејќи време е Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ, порачаа од Стејт департментот.
Државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во телефонски разговор минатата недела укажаа на забрзување на процесот.
На прашање од МИА да се откријат детали и рокови во врска со ова, портпаролот Нед Прајс синоќа одговори дека се продолжува со охрабрување на билатерална основа како на Бугарија така и на Македонија да ги решат билатералните спорови брзо.
-Но, нема да откривам детали за тие разговори, рече Прајс.
Укажа дека САД одамна се голем поддржувач на интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ.
-Сметаме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион, изјави тој.
Тој додаде дека одлуката на ЕУ од март 2020 да се отворат преговорита за пристапување за Македонија и Албанија ја зметаат за позитивен чекор.
-Двете земји ги сработија основните задачи и сметаме дека време е да продолжат заедно во следната фаза од долгиот и полн со предизвици процес на пристапување, повика Прајс.
Додаде дека „историскиот Договор од Преспа покажа дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат тешки работи, да дојдат до компромиси и тешки одлуки, и убедени сме дека Бугарија и Северна Македнија ќе го стора т истото со преговарање на нивните билатерални спорови“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…