Јасухира останува во Вардар, Ристовски во Полска ќе ја договора цената за негов откуп
Најдобриот македонски ракометен колектив на сите времиња, екипата на Вардар, освен што размислува за актуелната сезона и за начинот како да ја врати шампионската титула, уште од сега прави планови за подалечната иднина, во која една од клучните улоги се очекува да ја има јапонскиот среден бек, Косуке Јасухира.
Тој сега игра како позајмен играч од Висла Плок, но големи се шансите не само да ја одигра оваа сезона во црвениот-дрес, туку и да остане на подолг период во Скопје. За таа цел, директорот на вардарци, Борко Ристовски, најави заминување на преговори со луѓето од Висла, односно за утврдување на цената за откупот на неговиот договор со полскиот прволигаш.
„Со Јапонецот имаме договор да остане во Вардар, но но тој не е официјално потпишан бидејќи прво треба да ги договориме условите со Висла. За таа цел до крајот на годинава ќе отпатувам во Полска за да ја утврдиме цената на откупот, по што и официјално би потпишале двегодишен договор со одличниот ракометар“, изјави Ристовски на вчерашниот брифинг со новинарите.
Предводникот на црвено-црните најави продолжување на соработката и со кружниот напаѓач Милан Лазаревски, а претходно тоа го направија Марио Стојановски и Марко Срдановиќ, додека актуелни договори имаат Јагуриновски, Николиќ и Петриќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште
МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…
Mирен протест во Богданци во чест на…
Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…
Од денеска исплата и на социјалната помош…
Корисниците на социјална помош кои имаат сметки…
Берзански земјотрес поради вештачката интелигенција — „избришани“…
Распродажбата на акциите на технолошките компании се…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…