Јас имам право на Република Македонија!
/За мојот македонски национализам/
Можат да ја убиат птицата, но не можат да го убијат нејзиниот лет
Јордан Плевнеш
Јас сум Македонец, со македонска свест и како таков си имам свое македонско гледиште за минатото, сегашноста и иднината на мојата Татковина Македонија.
Мојот основен став е – Македонската нација е жива аксиома. Значи, не е хипотеза што треба да се докажува.
Македонец, пред се е етнографоним, име на народ, на етничка група.
Истовремено е и графоним, име добиено според името на географска област(Македонија). Секако, Македонец е и историски поим кој потекнува од античко време(од искон) и преку средновековието се протега, т.е. егзистира се до денес, а сигурно и до вечноста.
Доколку една заедница се стекнала со идентитет(македонски), таа го има правото да биде народ(македонски народ), а народот го има правото на суверенитет(внатрешен и надворешен/меѓународен) и на државност(Република Македонија).
Јазикот македонски е првиот елемент при националната идентификација.
До него се етногенезата, т.е. потеклото на македонскиот народ/нација.
И секако, личното чувство за припадност на секој Македонец посебно и на сите заедно.
Свеста и чувството дека сум Македонец за мене се светост. Мојата љубов кон Македонија е безусловна и безгранична. Македонските интереси, македонскиот национален дух, македонскиот јазик, народното творештво, обичаите и културната традиција се мојот македонски национализам. А тоа е македонското национално чувство во мене. Тоа е историскиот повик на Македонецот. Повик кој се исполнува само како слободен и рамноправен граѓанин на Македонија и Светот. Граѓанин на кого му е дозволено да мисли, да чувствува, да зборува и да дејствува како слободен Македонец.
Република Северна Македонија, на домашните анационални елементи и на иностраните злонамерници, не е моја.
Јас имам право на мојата Македонија – Република Македонија.
Колумната е посветена на двајца големи Македонци: На балканскиот лингвистички Моцарт – Крсте Петков Мисирков, човекот без кој Македонија ќе беше без дефиниција. Човекот кој изврши коперникански пресврт во македонцките работи; И на Јордан Плевнеш кој животот и делото ги посвети на македонската национална историја и на нашата национална трагедија. Човекот кој ни го разјасни поимот Мацедонише цуштенде/Македонски состојби и човек кој македонската култура и уметност ги прослави на пет континенти.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја чека катастрофа: Русија почна да…
Русија ја проширува кампањата против украинската енергетска…
Москва со предупредување до Европа: Фабриките што…
Русија испрати ново и директно предупредување до…
Трамп со нова мистериозна порака за Иран:…
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати нова кратка,…
НАТО ѝ одговори на Русија по нуклеарното…
НАТО официјално ѝ одговори на Русија по…
Иранските војници на југот добиле заштитна опрема…
Иранските воени единици распоредени во јужните делови…