Објавено на:

„Јас сум како ајкула“: Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

t

Моника Белучи и на самиот праг од седмото десетлетие од својот живот има совршена фигура, па ја открива тајната на својот изглед што, според многумина, сѐ уште е на незавидно ниво.

Италијанската глумица, имено, истакна дека не практикува вежбање, освен пливање и јога коишто едвај се вклопуваат во нејзиното напорно секојдневие, но јаде умерено. Таа, на пр., плива четири пати неделно по 45 минути и е убедена дека тоа е најдобриот начин да се одржи во форма.

-Јас сум како ајкула – постојано движење, па морам некако да преживеам. Понекогаш, сепак, за свое добро жената мора да најде начин да се одмори и да биде мрзелива. Мислам дека тенкото тело не е еднакво на убавината. Јас сум жена и имам облини. Мрзелива сум, никогаш не одам во вежбалници… Сакам чоколадо и тестенини и честопати одам во ресторани со моите пријатели. Не сум опседната со слабото тело. Сексапилноста не е секогаш младо и затегнато тело, вели Белучи.

Таа, вели, се труди да не се лишува од храна, туку ги ограничува порциите. Следи пример од нејзиното мени. Појадок: 150 мл. јогурт со парчиња јаболко; Ручек: 200 грама варено говедско месо, 200 гр. зелена салата со една кафена лажичка маслиново масло, една кришка пченкарен леб; вечера: Мала чинија бобинки, 150 гр. варен ориз со една лажица маслиново масло и 50 гр. преработено сирење, 150 гр. салата од зеленчук или овошје. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…