Објавено на:

„Јас сум син на кралицата, не можете да ми го правите ова“: Ендрју пружал отпор при апсењето

t

Братот на британскиот крал Чарлс, Ендрју Маунтбатен Виндзор, на кого му беше одземена кнежевската титула и кралските имоти поради неговите врски со осудениот американски сексуален престапник Џефри Епштајн, одби да го напушти замокот Виндзор или да прифати каква било одговорност кога беше избркан од имотот на почетокот на февруари.

Кралски извор изјави за „Сан“ дека Ендрју Маунтбатен Виндзор одбил да го напушти имотот, викајќи дека е втор син на кралицата.

„Кога му било кажано да си замине, тој бил толку арогантен и заблуден што постојано викал: „Но, јас сум втор син на кралицата, не можете да ми го направите ова“. Неверојатно е што решил да го користи името на кралицата во своја одбрана. Никој не е сосема сигурен дали бил запознаен со околностите на неговата тешка ситуација“, рече изворот.

Друг кралски извор рече дека дискусиите околу неговото иселување од имотот каде што живеел додека ја држел титулата принц биле напнати, бидејќи Ендру јасно ставил до знаење дека „не сакал да си замине“.

Ендрју беше уапсен на 19 февруари, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение за злоупотреба на јавна функција, поврзана со неговото време како британски трговски претставник од 2001 до 2011 година.

„Сан“ објавува дека постои можност заклучениот простор во јужен Лондон да стане предмет на полициска истрага, бидејќи дел од работите на Ендрју од Кралската ложа беа однесени таму за складирање минатиот месец.

Стамбената единица, во која може да се наоѓа и огромната колекција на мечиња на Ендрју, е заштитена 24 часа на ден со чувари и видео надзор.

Кралот Чарлс приватно го финансира егзилот на Ендру и куќата во која живее, бидејќи не сакал да оптоварува никого друг, а неговиот помлад брат сè уште не коментирал за неговото иселување, ниту за неговото апсење од страна на полицијата во долината Темза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…