Јањатов: Вмешувањето меѓународни лидери во уставните измени ја разнебитува државата и ја прави протекторат
„Се засилува притисокот на меѓународната заедница преку пораките, што речиси секојдневно пристигнуваат од Брисел, упатени до сите политички чинители во земјава. Дали повторно на Македонија ѝ се заканува истото собраниско сценарио како со Преспанскиот договор, кога странците директно интервенираа да се обезбедат потребните пратеници за промена на името на државата?“ – се вели во анализата со наслов „Како тоа Шолц и Макрон ќе ги внесат Бугарите во македонскиот устав?!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
„Најавите за интервенција на високи лидери на меѓународната заедница за уставните измени отвораат сериозни правно-политички дилеми“
Покрај другото, во анализата пишува: „Напоредно со проверката-скринингот на усогласеноста на македонското законодавство со европското се одвива и операцијата за обезбедување двотретинско мнозинство за уставни измени и внесување на Бугарите во македонскиот устав. Тоа е нов наметнат некопенхашки критериум и услов Македонија да започне со отворање на преговарачките поглавја. Опозицијата изјавува дека се противи на какви било уставни измени без реципрочни мерки од страна на Бугарија. Власта вели дека заради евроинтеграциите разговара со сите пратенички групи, вклучувајќи ги и оние од опозицијата, и оти постои расположение да се дојде до потребното двотретинско мнозинство.“
„Притисок од Брисел“
„Последната изјава на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ за помошта што се очекува од меѓународните партнери за обезбедувањето на потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени ја наметна дилемата: дали на Македонија ѝ се повторува сценариото како со Преспанскиот договор? Ќе дојдат во Собранието да помогнат. Има интерес од германскиот канцелар Олаф Шолц и од францускиот претседател Емануел Макрон да помогнат на сите можни начини, за да дојдеме до 80 пратеници.’ – истакна Маричиќ.“
„Има начини да запре системското разнебитување, но самите да ги препознаеме и да направиме разлика“
„Најавите за вмешување меѓународни лидери од највисок ранг значат дека тие полека стануваат извршна власт во државата. Ако тие веќе решиле да ги протуркаат уставните измени, тоа и ќе го направат во периодот што е пред нас.’ – вели Драган Јањатов, поранешен дипломат.“
„Тој додава дека ова е само логичен исход од она, што со децении се правеше во државата, поточно не се правеше, поради неспособност, немање високи патриотски и државнички чувства кон македонската нација, што треба да е носител на државноста и на која актуелна генерација ѝ се исполнија мечтата и копнежот на генерации Македонци од историјата да добијат и да управуваат со своја држава. ‘Ја разнебитивме државата и попусто е нашето влегување во Европа. Што ќе правиме во ЕУ вака разнебитени? Мешањето однадвор нема смисла. Се претвораме во протекторат.’ – нагласува Јањатов.“
„Меѓународната заедница во овој период позасилено се насочува на Балканот, бидејќи сака да го изолира од други влијанија и многу веројатно е дека ќе ги употреби сите европски ‘демократски’ начини да ги убеди пратениците во македонското собрание да ги поддржат уставните измени. Самите се уништуваме како држава Македонија, која се осамостои пред три децении, опстојуваше како меѓународноправен субјект осум децении, со меѓународно признаен македонски народ како носител на државноста, нагласено во уставите на Македонија, а сега сето тоа се фрла во неврат. Разочаран сум целосно, најмногу поради тоа што нема чинител, кој ќе му застане на патот на ова разнебитување.’ – истакнува Јањатов.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…